За десетина години би можело да има ефикасни лекови против еден од најсмртонсните видови рак. Светски признатиот дерматовенеролог Николај Цанков од Бугарија вели дека истражувањата за ракот на кожата бележат прогрес, а новите терапии имаат позитивен ефект при лекувањето на малигниот меланом. Статистички од него лани, во нашата држава, во првите пет месеци се регистрирани 5ОО нови случаи, со голема стапка на смртност кај младите под 3О години. Бугарскиот академик Цанков апелира до младите да ги избегнуваат и пирсинзите и тетоважите.
-Има и примери на канцер, кога тетоважата се направи врз некоја бемка. Но, општо кажано тие се опасни од друг аспект. Има многу случаи кога пирсингот и тетоважите придонеле за пренесување на сифилис и најразлични вирусни заболувања. Хигиената на инструментите исто така е еден од факторите што може да го загрози здравјето, вели Николај Цанков, Бугарска академија на науки
Околу сто дерматолози од земјава и регионот се дел од научниот симпозиум Дерматологија 2020 на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ . На него беа презентирани најновите истражувања на македонското здружение на дерматолози како и трдови на познати специјалисти од Балканот.