Ова се два многу ефикасни лекови, кои доколку започнете да ги консумирате на почетокот од настинката, ќе се спасите од можни понатамошни компликации како што е бронхитисот на пример.

И двата рецепти за овие лековити напитоци се многу вкусни и пријатни за пиење, па може да ги користати деца.

Есента е период кога сите ние добиваме вирусна или бактериска инфекција.

Често се среќаваме со различни воспаленија, бронхитис и кашлица, а честопати боледувањето трае долго.
Вирусните инфекции доведуваат до бронхитис и појава на сува или продуктивна кашлица која може да трае и до 2-3 седмици.

Многумина се разбира, веднаш одат во аптека и купуваат антибиотик.
Кај вирусните инфекции антибиотикот не помага и доколку вашиот доктор не ви го препишал, вие си нанесувате повеќе штета отколку корист.

На тој начин, со беспотребно користење на антибиотиците, вие ја зголемувате резистентноста на микроорганизмите.

Затоа подобро е да се обидете со некои природни лекови кои ќе му помогнат на организмот да се избори со болеста, без несакани ефекти.

РЕЦЕПТ 1

Сварете 250 мл млеко и оставете да излади на собна температура. Додадете 1 лажичка путер и 1 лажичка мед.

На страна изматете една жолчка од јајце со четвртина лажица сода бикарбона.

Додадете го во млекото и промешајте. Овој лек се пие пред спиење, барем пет дена по ред за постигнување на подобри резултати.

Овој лек е одличен за трахеитис, болно грло, кашлица и бронхитис, а можат да го користат и деца.

РЕЦЕПТ 2

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 лажици маслиново масло
2 лажици вода
1 лажица мед
2 лажици лимонов сок

ПОСТАПКА:

Измешајте и ставете на оган да се загрее. Половината се пие наутро, а втората половина навечер.

Започнете со примена навреме, додека симптомите на вирусот не се влошиле, па никогаш ќе немате проблем со бронхитис и кашлица.