Коронавирусот ја зеде и првата жртва во соседна Албанија. 73-годишна жена од западниот сосед со срцеви проблеми е првиот смртен случај во земјата. Жената која неодамна била во Италија не успеала да се избори со инфекцијата.
Министерството за здравство објави дека во Албанија има 11 документирани случаи на лица заразени со вирусот.