Професор Мартин Селигман, еден од основачите на позитивната психологија, спровел значителен број истражувања со цел да докаже дека овој вид терапија може да им помогне на луѓето да живеат убав живот истакнувајќи ги нивните силни страни. Луѓето се чувствуваат посреќно ако се охрабрени да живеат со позитивна психологија. Овие фундаментални правила ќе ви помогнат да се справите со депресијата, да го подобрите психичкото здравје и да постигнете повеќе во вашиот живот.

  • Правило на огледало

Ова значи дека секоја личност во вашиот живот е огледало. Тие го рефлектираат вашиот карактер, дури и оние нешта што не ги сакате. Карактеристиките што ги гледате кај другите луѓе ви даваат можност подобро да се запознаете и да созреете. Сите квалитети што ги сакате или ги мразите кај другите се всушност ваши. На пример, ако некој не ве почитува тогаш веројатно и вие се однесувате така, само не обрнувате премногу внимание на тоа. Ако сакате да промените што било во врските, започнете со вас. Станете промената што сакате да ја видите.

  • Моќта на изборот

Сè што се случува во вашиот живот е резултат на изборите што сте ги направиле досега. Вашиот избор на пријатели, животен стил и верувања го формираат вашиот карактер. Вие сте авторот на вашата судбина. Ако се справувате со здодевна личност и постојано се обидувате да ѝ ги решите проблемите, тогаш сакате да го правите тоа во вашиот живот. Вие дозволувате да се случува тоа. Не можете да се пожалите никому. Ако сакате друг резултат, потребно е да направите друг избор. Одберете внимателно бидејќи секоја одлука е важна. Се разбира, постојат и нешта кои не се ваш избор. Не можете да го одберете семејството, гените, опкружувањето во кое сте родени и слично. Тоа се правилата на животот. Сепак, кога некои ситуации се надвор од контрола не значи дека немате избор ни како да реагирате на нив.

  • Моќта на грешките

Потребно е да сфатите дека секој може да погреши. Понекогаш нашите верувања или нашите постапки, без разлика колку мислиме дека се правилни, нема да изгледаат правилни за другите. Не треба да го гледате светот само во црно и бело. Никој не е совршен. Секој има право да направи грешка. Секогаш бидете подготвени да ги препознаете вашите грешки и да ги анализирате за да знаете како да ги поправите.

  • Правилото на релевантност

Постојат некои нешта што зависат само од вас. Нема потреба да се жалите за вашиот животен стил, вашите врски или вашето работно место. Ако не можете да бидете целосно вљубени во некоја личност, не можете да го очекувате тоа од неа. Кога ќе се одлучите дека заслужувате подобро, промените што ви се потребни ќе почнат да се случуваат. Вашите цели нека ви бидат приоритет. Ако сакате да постигнете многу, целете високо и преземете нешто.

  • Ефектот на зависност

Никој не ви должи ништо. Но, можете да одлучите да бидете добри кон некој друг и да му помогнете. Не мора да чекате одговор. Да бидете добри е подарок за себе. Ако сакате да бидете добра личност потребно е да бидете силни и да верувате во себе. Се разбира, постојат моменти кога е потребно да кажете не. Согласувањето со сè што ќе побараат од вас не е нешто што ќе ве направи среќни. Направете го висинскиот избор за вас.

  • Правилото на присутност

Почнете да живеете тука и овде. Не мислете на минатото бидејќи со секој нареден момент започнува сегашноста. Не грижете се за иднината бидејќи сè уште не започнала. Ако премногу сте приврзани за минатото, може да се чувствувате депресивно. Грижите за иднината од друга страна, предизвикуваат анксиозност. Насочувањето на мислите и емоциите кон сегашноста е добро за вашето расположение, здравје и вашите врски со другите луѓе. Сè додека живеете во сегашноста сте реални и внесувате хармонија и среќа во вашиот живот.

  • Моќта на оптимизмот

Немојте да ги игнорирате малите нешта околу вас. Немојте да го критикувате животот бидејќи на тој начин сигурно ќе ве одмине. Уживајте во убавината на природата – сончеви лета, реки, зелени шуми, прекрасни пријатели… Сè додека живеете обидете се да бидете среќни во секој момент. Бидете продуктивни, бидете активни, имајте живот полн со позитивни емоции. Кога поминувате премногу време гледајќи телевизија, лежејќи или правејќи нешта што не го исполнуваат вашиот живот и ум со нови интересни искуства, вие не сте дел од реалниот свет.