Рефлексологијата претставува холистички третман, кој вклучува масажа и аплицирање на притисок на одредени рефлексни точки на стапалата. Според оваа древна наука, рефлексните точки се поврзани со одделни специфични органи од телото, па стимулацијата на конкретните зони со помош на масажа, би довело до многубројни здравствени придобивки како намалување на болката, подобрување на функцијата на локомоторниот систем, ослободување од стресот и побрзо опоравување при одредени заболувања или по повреда, особено доколку се афектирани рацете и нозете.

Рефлексологија

Зони и рефлексни точки на стапалата

Двете стапала се поделени на 5 зони кои соодветствуваат на одредени делови од телото, а секоја зона е мапирана со активни т.н. рефлексни точки кои соодветствуваат на одделни органи. Притисокот кој се аплицира на конкретната точка, овозможува олеснување на симптомите поврзани со специфичниот орган.

Рефлексологија

Прва зона

Во оваа зона, локализацијата на активните точки е идентична за двете стапала со тоа што рефлексните точки на парните органи (како што се очите, ушите итн.), се поставени на соодветното стапало (на пр. лево стапало – лево око, десно стапало – десно око).

Рефлексологија

Втора зона

Во втората зона, рефлексните точки на левото и десното стапало се разликуваат во тоа што на левото стапало дополнително се наоѓа рефлексната точка за срцето. Масажа во оваа активна точка од стапалото се препорачува за смирување на срцевата работа, релаксација и ослободување од стресот.

Рефлексологија

Трета зона

Во третата зона, активните точки соодветствуваат на локализацијата на органите во стомакот. Поради тоа што црниот дроб и жолчното ќесе се наоѓаат од десната страна, нивните рефлексни точки се позиционирани на десното стапало. Аналогно на тоа, рефлексната точка на слезенката е поставена на левото стапало.

Активните точки на желудникот се на двете стапала поради централната поставеност на овој орган во стомачната празнина.

Рефлексологија

Четврта зона

Во оваа зона се вклучени рефлексните точки на тенкото и дебелото црево, кои се идентично поставени на двете стапала.

Рефлексологија

Петта зона

Во последната зона, рефлексните точки соодветствуваат на половите органи и се идентични на двете стапала. Во оваа зона се наоѓа и рефлексната точка за подобрување на квалитетот на сонот.

Рефлексологија

Како да ја направите масажата на стапалата?

Најдобро е масажата да ја прави друго лице, но можете да си ја направите и самите.

Пред да започнете со масажата, се советува стапалото да го „загреете“ – одете боси по собата, раздвижете ги прстите и направете си топла купка за стапала.

Се препорачува да го масирате цело стапало со благи движења и лесен притисок, а потоа да притиснете на секоја активна точка во времетраење од 3-7 секунди, почнувајќи од прстите, па кон петата. Доколку одредена точка е осетлива, измасирајте ја темелно – притисокот нанесете го со палецот во времетраење од неколку секунди и направете пауза. Постапката повторете ја неколку пати, но не подолго од 1 минута.

Ефектите од масажата треба да ги почуствувате по првиот третман.

ВНИМАНИЕ! Не практикувајте стимулација на рефлексните точки на стапалата доколку во моментот имате:

  1. Дијареа и/или повраќање;
  2. Локализирано кожно заболување на стапалата;
  3. Покачена телесна температура;
  4. Присуство на локализиран оток, црвенило или болка на стапалата;
  5. Сте во првиот триместар од бременоста.

И покрај тоа што сè уште нема медицински издржани докази за реалниот бенефит од оваа практика, сепак сè повеќе луѓе во светот ја применуваат рефлексологијата, бидејќи овој третман покрај можните здравствени придобивки, е пријатен, релакасирачки и не вклучува употреба на лекови и други хемикалии.