Доколку се посомневате дека вашето здравје не е добро и не знаете точно што да направите, обидете се користејќи го моќниот биолошки часовник на нашето тело.

Кинескиот биолошки часовник ги покажува интервалите во кои енергијата (чи) циркулира низ одделни делови од телото, а на секои два часа во денот таа енергија е најсилна во одреден дел од телото.

Треба да се води сметка за биолошки часовник и да ги евидентирате временските периоди во денот кога се појавуваат проблеми како што се замор, болка и слично.

Добро би било да се запишат времињата кога имате најмногу енергија и кога се будите во текот на ноќта, ова укажува на проблем со одреден дел од телото.

Максимално време на функција

01:00 до  03:00 часот црн дроб: (детоксикација, мускули и очи)

03:00 до 05:00 часот бели дробови (кожа)

05:00 до 07:00 часот дебело црево (кожа)

07:00 до 09:00 часот желудник (лимфа, храна и варење)

09:00 до 11:00 часот слезина (лимфа, храна и варење)

11:00 до 13:00 часот срце (артерии, циркулација на крв)

13:00 до 15:00 часот  тенко црево (варење, асимилација, артерии)

15:00 до 17:00 часот бешика (коски, заби, елиминација, чистење)

17:00 до 19:00 часот бубрези (коски, заби, уши, филтрација, елиминација)

19:00 до 21:00 часот Срцева комора (стегање на крвните садови)

21:00 до 23:00 часот Терморегулација  (потење, затоплување)

23:00 до 01:00 часот жолчка (варење, мускули, очи)

Време на минимална функција или одмор

01:00 до 03:00 часот тенко црево (варење, асимилација, артерии)

03:00 до 05:00 часот мочнен меур (коски, заби, елиминација, чистење)

05:00 до 07:00 часот бубрези (коски, заби, уши, филтрација, елиминација)

07:00 до 09:00 часот срцева комора (стегање на крвните садови)

09:00 до 11:00 часот терморегулација  (потење, затоплување)

11:00 до 13:00 часот жолчка (варење, мускули, очи)

13:00 до 15:00 часот црн дроб (детоксикација, мускули, очи)

15:00 до 17:00 часот бели дробови (кожа)

17:00 до 19:00 часот дебело црево (асимилација, елиминација, кожа)

19:00 до 21:00 часот желудник (лимфата, храна, варење)

21:00 до 23:00 часот слезина (лимфа, храна, варење)

23:00 до 01:00 часот срце (артерии, циркулација на крв)

Ако јадеме доцна во ноќта, храната не се апсорбира добро во тенкото црево, што значи дека внесувањето храна треба да се избегнува околу и по полноќ, во време кога активноста на цревата е најниска. Исто така, одлично време за вежбање е рано наутро, бидејќи тогаш белите дробови се во нивниот максимум.