За љубителите на р‘жано брашно солени грисини со префинет вкус.

Состојки:
Чаша од 200 мл за мерење
1,5 чаши ржано брашно
1, 5 чаши бело брашно
200 гр сусам
150 гр чистени семки од сончоглед
100 гр ленено семе
1 лажиче сол
1 чаша масло
1 чаша пиво
1 (10 гр) прашак за пециво

Подготовка:
Во сад се ставаат сите состојки и се замесува изедначено тесто. Потоа на набрашнета површина се развлекува кора дебела околу 1 цм и со калапчиња или со мала чаша се вадат колачиња. А ако сакате може да си ги направите и во вид на соленки.

Се ставаат во плех обложен со хартија за печење и се печат во претходно загреана рерна на 190-200 степени околу 20 мин.
Се служат ладни.