СДСМ се што вети за подобрување на здравствениот систем излажа. Владата на СДСМ единствено успеа за три години да го урниса здравствениот систем. Наместо реформи успеа само да воведе хаос во здравството, низа скандали, и потпишување на матни и криминални тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дека во здравствениот систем царува криминал сведочи и кривичната пријава против Дончев, Филипче и Кичеец кои што се обвинуваат дека тие спречуваат продажба на македонска приватна компанија, со цел да рекетираат, стои во партиската реакција и се додава:
„Граѓаните на Република Македонија не заслужуваат ваков здравствен систем. Граѓаните заслужуваат модерно и пред се ефикасно здравство. Поради неспособноста да обезбедат ефикасно здравство, граѓаните ќе ги казнат на предвремени парламентарни избори, и ќе започне обнова на Македонија“.