Владата на СДСМ претставува синоним на лага и манипулација. СДСМ успеа за три години да го урне здравствениот систем. А, сега пред избори се обидуваат да фрлат трошки. Но заборавија дека граѓаните на Република Македонија немаат кратко паметење. И ги помнат сите ветени но неостварени проекти, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат:

„Граѓаните знаат дека СДСМ  излажа за покачување на капитација од 55 на 90 денари за матичните доктори, а за матичните стоматолози од 40 на 70 денари. Наместо тоа сега Заев и Венко ги залажуваат со само 8 денари повеќе, што претставува срамота. Оваа влада е на пат да си замине, а тоа ќе се случи на 12 април. Тогаш граѓаните ќе стават крај на оваа влада која владееше само со лаги. По ова ќе дојде обнова на Македонија и здравствениот систем ќе започне да функционира како што треба.“