Во 2010 година кога за само неколку недели починаа неколку родилки и новороденчиња, во Министерството за здравство се формираше Комитет за безбедно мајчинство, кој осум години никако да профункционира.

Целта на формирањето на овој Комитет беше да се подобрат санитарно-хигиенските услови во родилиштата, да се обезбедат нормални услови за породување, да се набави потребната медицинска опрема, да се обезбеди доволно стручен кадар, а од друга страна, да се намали смртноста на доенчињата. Но, оттогаш до денеска поминаа осум години, а во ова тело се сменија повеќе членови.

Со доаѓањето на „животот“ и новата власт сменети се и членовите на ова тело, кое брои 15-20 лекари. Меѓу нив се и директорките на Гинекологија и Детска клиника, Викторија Јовановска и Катерина Ставриќ, потоа Елизабета Петковска, раководител на Интензивна нега на скопска Гинекологија, доктор Горан Кочовски, Драган Тантуровски и Горан Димитровски од Македонското лекарско друштво, потоа има уште неколку преставници од министерството за здравство Јованка Костовска и Билјана Танеска. Сега со него управува доктор Ана Данева од скопската Клиника за Гинекологија.