Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето на телевизија АлсатМ на емисијата „360 Степени“, јавно го постави прашањето кое ја интересира цела јавност, а тоа е: „Дали навистина Заев го пријавил случајот Рекет“?
-Тоа што јас го кажав во текот на месец август е дека според нашите информации не се работи само за еднен бизнисмен, кажав дека се работи, односно дека се изрекетирани повеќе бизнисмени, а сумата е околу 20 милиони евра и немаше реакција од СДСМ. И на крај на месецот на 28 август кажав бидејќи дваесеттина дена не ме демантираат значи дека е точно. Замислете ако ние како политичари ги решаваме несогласувањата на суд што ќе биде. Замислете премиер да го даде на суд вториот човек во опозицијата, рече Николоски.
Николоски рече дека јавно е познато колку пари му би побарани на Јордан Камчев, Силјан Мицевски, од струшките бизнисмени. Ова се однесува само на Рекет
-Мислам сумата дека ќе е повисока и од 20 милиони евра. Тоа покажува каде отиде корупцијата управувана од врвот на власта. Рекет го сруши политички, а ќе го сруши Заев и право, бидејќи се води кон него, рече Николоски.
Тој укажа дека има и клучно неодговорено прашање во јавноста.
-Неодговорено прашање во јавноста е дали тој навистина пријавил рекет. Тој гради наратив дека тој го пријавил. Ако пријавил добро е да ја видиме пријавата. Ако нема писмена трага, значи не пријавил. Ако пријавил треба да има копија од пријавата. Мислам дека тоа е невешт маркетинг од луѓето околу него и мислам дека истите му велат да поднесува пријави и против мене, рече Николоски.
Филипче кај Боки 13 договарал болници, Кичеец призна дека Владата била на прва линија со Боки
Во домот кај Бојан Јовановски, на една од средбите кои ги имал со Орце Камчев и Зоран Милевски-Кичеец, присутен бил и актуелниот министер за здравство Венко Филипче.
Ова го откри бизнисменот Камчев на судењето за случајот „Рекет“, одговарајќи на прашање на обвинетиот Бојан Јовановски.
-Кој беше присутен на средбата во мојот дом меѓу 15 и 20 март, кога зборувавме за бизнис проект?, го праша Јовановски сведокот Камчев.
Камчев не сакаше да одговори, но откако судијката инсистираше на одговор, бизнисменот рече:
„Бевме јас, ти, жената што ти чисти, Кичеец и министерот за здравство, рече Камчев, кој на инсистирање на обвинетиот за кој министер станува збор, рече дека бил Венко Филипче.
Министерот за здравство ги потврдува наводите на бизнисменот Камчев изнесени на денешното рочиште за случајот „Рекет“ дека во домот на првообвинетиот Бојан Јовановски се одржала средба на која присуствувал и тој.
-Имаше некоја иницијатива за средба, за мобилизирање на некои негови познанства во врска со инвестиција во некаква форма на болница, односно здравствена установа. Тука се разговараше кратко, немаше ништо од сето тоа и на тоа се заврши, истакна Филипче во изјава за „Клан Македонија“.
Запрашан зошто средбата била во домот на Боки 13, Филипче одговори:
„Навистина има голем интерес, од бројни компании кои доаѓаат. Јас сум остварил средба со 20-тина компании од Турција плус други кои се заинтересирани да инвестираат во нашиот здравствен систем. Во таа смисла јас сум отворен и флексибилен за разговори, за се што можеме да направиме, да мобилизираме во таа смисла“.
Министерот Филипче спремен е да сведочи за средбата во куќата на Боки 13 доколку биде повикан.
„Инфомакс“: И Филипче рекетирал? Што зборувале Венко и Орце кај Боки дома и каква била јавно-партнерската шема?
За прв пат во јавноста, името на Венко Филипче како човек кој бил во контакт со рекетарите на неговиот владин шеф, Боки 13 и Катица Јанева, беше споменато на второто рочиште пред судот, дента кога како сведок беше повикан Орце Камчев како пријавител на рекетарската шема која се вршела врз него. Но како што беше споменат, онака попатно, Филипче се изгуби од фокусот на јавноста благодарение на секојдневните напори за дефокусирање на граѓаните со стерилни теми во стилот „ете видовте, Заев не знаеше за шемата“. Изјава тогаш даде и Венко, во насока на тоа дека се знаел со Орце и дека таков состанокт навистина се случил, ама ете, ништо не испаднало од истиот. Ама, не е баш така, анализира порталот „Инфомакс“.
-Прво, немало само еден состанок во овој формат – Боки, Венко и Орце. Биле повеќе состаноци. Сите биле тематски, односно во насока да се искористи позицијата на Камчев со цел министерот за здравство да си ја обезбеди својата иднина по промената на власта на 12. април. Секако, во тие моменти Филипче не знаел дека ќе има предвремени парламентарни избори, но човекот си работел на обезбедување на својата финансиска сигурност и сигурноста на неговите поколенија. Имено, тема на разговор на состаноците било склучување на јавно-приватно партнерство помеѓу Министерството за здравство и Орце Камчев. Во ова јавно-приватно партнерство, како што кажува Боки Тредичи, Орце Камчев бил убедуван да ја купи Градската болница „8 Септември“, и видете чудо – понудената спогодба била во висина на побараниот рекет. Од бизнисменот се барало да влезе во партнерство со Филипче за 10-тина милиони евра, a од овие одреден процент да биде исплатен во кеш пред склучувањето на ЈПП. Секако, „каса“ би бил Боки до исполнување на договорот. Нешто како ценовникот на Димишкови, пишува порталот.
Како и Боки и Катица, овој план на бизнисменот му бил презентиран како „одлична можност“ тој повеќе да нема проблеми со власта.
-Демек, вака да си ја купи слободата. Класичен, легализиран рекет. И сега сакате да ми кажете дека Зоран Заев не знаел за „Рекет“? Или пак сакате да дискутираме дали Никола Димитров го информирал неговиот шеф дека еден нерезидентен амбасадор го информирал дека бизнисмени се рекетираат година дена пред да пукне аферата во јавност? Како тогаш Заев знаел дека Боки „многу му земал“ на Орце и дека „не требало толку“? Кој бил човекот кој во Влада го повикал Боки за да го информира дека Орце бил таму и го пријавил рекетот што се вршел врз него? Зошто обвинителството не истражува во оваа насока? Но знаете што е најинтересно, името на Венко Филипче за прв пат во етерот го извади токму Бојан Јовановски. Оттука, се поставува и логичното прашање – отвори ли Боки ново поглавје во „Рекет“, испраќајќи му порака на Зоран Заев дека ќе ја разоткрие целата шема и сите инволвирани?-анализира Инфомакс.
Инаку, името на министерот веќе се поврзува со аферата „Рекет 2“ во кој што, според досега неофицијални информации, вмешан е и директорот на Фондот за здравство Ден Дончев.
Во овој случај се работи за вршеле притисок врз домашна компанија, злоупотребиле позиции и овластувања за одвраќање на светски здравствен гигант, шведската компанија да не инвестира во Македонија.
За аферата е отворена истрага и од обвинителството за организиран криминал. Но, засега нема информации до каде е постапката.