Според информациите кои ги пренесоа европските медиуми, се повеќе германски провинции ги фрлаат вакцините во ѓубре. Од почетокот на пандемијата, провинцијата Баварија фрли 53.000 дози, од кои повеќе од половина беа пријавени како „одбиени“, и тоа само во месец јули. Сега планот е да се донира вишокот на вакцини на посиромашните земји, информираат медиумите.

Баварското Министерство за здравство соопшти дека зголемувањето на количината на фрлени вакцини во текот на летото е директна последица на падот на подготвеноста на населението за имунизација. Во Баден-Виртемберг, рокот на траење на 4.000 дози Астра Зенека истече на крајот на јули, поради што тие беа „прописно уништени“, наведува Министерството за здравство. Во Северна Рајна-Вестфалија, датумот на истекување на 350 дози Астра Зенека истече минатиот викенд, па тие беа „прописно отстранети“. Министерството тврди дека ова е прв таков случај од оваа германска провинција.

Дозите што не им се потребни, а рокот се уште не е истечен, провинциите ги враќаат на федералната влада. Хамбург сака да врати 6.000 дози Астра Зенека во наредните денови, Саксонија-Анхалт планира да врати 22.000 дози, а Долна Саксонија 120.400 дози.