Ова треба да се карактеристиките на една институција како што е ЛКМ. Но, ако за првиот човек на институцијата, ова се само флоскули кои добро поминуваат во јавноста, ако ја добие позицијата со флоскули, корумпирајќи ги клиетнтелистите кои ја подржуваат за да спроведат “талатовка” при изборот на претседател на Собранието на ЛКМ ( никогаш во постоењето на ЛКМ немало толку директори, раководители, членови на УО, советници, дури и градоначалник во телата и органите на ЛКМ) тогаш е очекувано арогантно да ја игнорира дури и Антикорупциска, и да го смени Статутот на ЛКМ. А промените се три.
1. Апсолутно непотребно, но сервилно кон “газдите” го промени името на ЛКМ внесувајќи “СЕВЕРНА”,
2. ДВОЈАЗИЧНОСТ – повторно, сервилност и за да си обезбеди идна подршка и
3. Ги прекрои скопските избирачки единици, без никаков критериум, освен можност за лесно фалсификување на следните избори во ЛМК.
Докторите во Македонија, никогаш нема да го добијат местото во општеството кое им припаѓа, се додека дозволуваат вакви ликови да бидат нивни претставници, ликови кои не ги интересира ни систем, ни професија, ни Хипократова заклетва – туку само лукративност и лична позиција.
Оние кои имаат очи да видат, се прогласени за опозиција од слепите при очи и клиентелистите.
Затоа лекарите си одат од земјава.