Доколку дозволи епидемиолошката состојба во државата можно е да се одобри барањето на угостителите за организирање свадби и прослави, изјави министерот Венко Филипче. Тој посочи дека се размислува за зголемување на капацитетот на гости на една маса, а рестораните би биле отворени само во надворшениот дел од локалот. Сепак барањето на угостителите би се одобрило само под строго утврдени протоколи, а сите предлози ќе се дискутираат во рамките на Комисијата за заразни болести, потврди Филипче.

Идната недела, пак се очекува да бидат готови сертификатите со електронски код со податоци за вакцините, со кој ќе може да се патува низ европските држави.

– Ние следната недела ќе го издадеме т.н „грин-пас“, тоа ќе биде оној електронски „кју ар“ код, во кој ќе има податоци за вакцината, ПЦР-тест и евентуално за антитела. Па кој било од трите параметри ако се бара во која било европска земја, да може патникот да ги има со себе, изјави Филипче.

На почетокот на јуни се очекува да стигнат нови 500 илјади вакцини „Синовак“, 100 илјади дози од „Фазер“, а до крајот на мај се очекува пратка од руската вакцина „Спутник“ за која се уште нема потврда.