Според последните истражувања покажуваат дека во Република Македонија има повеќе 120.000 граѓани со дијагностициран дијабетес. На глобално ниво таа бројка е 420 милиони. Според лекарите, главни причинители за појава на оваа болест се, отсуство на здрава исхрана, физичката неактивност и дебелината.
Според др. Ирфан Амет од Клиника за Ендокринологија „Во Македонија, во 2017 регистрирани се 120.000 лица со дијабетес. Од нив 40.000 се на инсулинска терапија, а останатите се на орална терапија. Што се однесува до видот, најчест е типот 2”.
Според ендокринолозите, 80 % од случаите на шеќерна болест од типот 2 може да се спречат ако се води здрав живот.