Ако имате вртоглавица кога ќе станете, тоа значи дека би можеле да имате поголем ризик од дијабетес.
Вртоглавицата може да биде предизвикана од невропатија, вид оштетување на нервите што може да се случи ако имате дијабетес. Унгарските истражувачи процениле дека луѓето изложени на ризик од дијабетес тип 2, имаат до шестпати поголеми шанси за појава на невропатија.
Тие, исто така, открија дека пациентите може да покажат суптилни знаци на ова оштетување неколку години пред целосно да се развие дијабетесот.
Научниците велат дека нивните наоди може да се искористат за следење на знаците на невропатија кај пациенти со ризик од дијабетес, а потоа или да се забави или да се спречи оштетување на нервите.
Високото ниво на шеќер во крвта поврзано со болеста може да ги оштети нервите низ целото тело. На долг рок, ова може да доведе до оштетување на нервите и различни симптоми во зависност од засегнатите нерви. Обично доведува до периферна невропатија, која предизвикува вкочанетост, боцкање, печење, болка, грчеви и слабост во стапалата и рацете. Оваа состојба на крајот може да се прошири на целиот екстремитет.
Студијата ги разгледала знаците на невропатија кај луѓе што имале поголем ризик за развој на дијабетес. Оние што имаат најголема веројатност да ја развијат оваа состојба, имаат познати фактори на ризик за дијабетес, какви што се прекумерна тежина или постари.
Тие ги споредиле резултатите од здравствените тестови на 44 лица со висок ризик за развој на дијабетес и 28 здрави луѓе од контролната група.
Пулсот на учесниците бил измерен и тестиран за да се види како нивните тела реагираат на сензации како болка и вкочанетост. Тие откриле дека луѓето со зголемен ризик од дијабетес имаат 5,9 отсто поголеми шанси да имаат парасимпатичка невропатија во споредба со здравите луѓе.