Четворицата вчера приведени за поврзаност со скандалот Oнкологија, меѓу кои и екс директорот Нино Васев, се уште се во полициската станица Пролет.
Нема информација дали и какви мерки ќе бара Обвинителството.
Според информации што ги потврдија од клиниката, меѓу приведените е екс директорот, Нино Васев, медицинска сестра и домар. Неофицијално меѓу осомничените е и поранешниот економски директор на клиниката Нехат Нухи.
Од Обвинителството потврдија дека приведувањата и претресите се на барање на јавен обвинител но се воздржаа од детали околу приведените, причините за приведување како и идентитетот лицето кое е повикано на службен разговор.