Советот на градот ја изгласал одлуката крајот на октомви, а веќе ноемвриските сметки се зголемени од 30 до над 500 денари – или на сума од 200 денари за потрошена вода – за одржување зеленило Градот ќе си наплаќа 40 денари.
За сума од над 1,000 денари, одржувањето зеленило ќе чини околу 420 денари . Сумите се многу повисоки за фирмите, кои плаќаат индустриска вода. Зошто Советот ја донел одлуката и зошто граѓаните не се известени за поскапувањето , градоначалникот Шилегов не одговори.
Од почетокот на годината, тарифите за утврдување на цената за вода ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика. Но надоместоците, како што се прочистувањето отпадни води, собирање и одведување на урбани отпадни води и новиот за одржување зленило во градот си ги носи општината, или за главниот град – Општина Скопје.