За сите што имаат проблем со синусите, ова време од годината не е баш омилено. Со оглед на тоа дека овој проблем може да биде макотрпен и долготраен, ние денеска ви пренесуваме еден природен рецепт, на кој синусите ќе ви бидат благодарни и ќе го решите проблемот брзо.
– 1/4 шолја вода
– 1/4 шолја јаболков оцет
– 1 лажица мед
– 1 парче ѓумбир
– 1 парче лимон
Подготовка:
1. Водата загрејте ја до вриење
2. Во шолја ставете јаболков оцет па прелијте го со врела вода.
3.Додајте мед и нарендајте малку ѓумбир, мешајте додека медот не се стопи.
4.На крајот, исцедете го лимонот и уште еднаш промешајте.
5. Наведнете ја главата над шолјата, два до три пати длабоко вдишете, а потоа испијте ја смесата.
Совет:
Сирупот за против синуси делува така што ја разредува слузта и ги отвора дишните канали.
Има интензивен вкус и мирис, па доколу сте чувствителни, затнете го носот со прсти, пред да го испиете. Се пие еднаш до два пати дневно.