Собранието од 18 март во 10 часот ќе отвори Книга на жалост за загинатите во огромната несреќа во Кочани.

-Книгата на жалост е отворена за сите граѓани во следните 6 дена, секој ден во периодот од 10 до 19 часот, информираат од Собранието.

Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост може да влезат во Собранието преку страничниот влез – од страната на АРМ.