Овошјата и природните овошни сокови се еден од клучните извори на хранливи состојки, а оваа листа без сомневање е предводена од јаболкото како овошје што носи бројни хранливи состојки и помага во целосниот развој на детето. Јаболкото е вистинска мала ризница на состојки коишто позитивно влијаат на детскиот организам, затоа што содржи диетални влакна, витамини и минерали, калциум, фосфор, магнезиум и железо. Еве зошто:
За подобар имунитет: Солидната количина на Витамин Ц што ја содржи 100% сок од јаболко, помага за зајакнување на имунитетот кај децата и превенира од сезонските вирусни и бактериски заболувања.
Го снабдува организмот со природни овошни шеќери: Децата се постојано активни и трошат многу енергија, па оттаму честата потреба од консумирање нешто благо и слатко. Јаболкото како и 100% сок од јаболко е богат извор на природни и здрави, овошни шеќери. Така што консумирањето 100% сок од јаболко комплетно ја задоволува потребата на организмот од природни шеќери, а со тоа и ја намалува потребата од дополнително внесување на благо во форма на чоколади, колачи и слично.
За побели и поздрави заби: 100% сок од јаболко не ги заменува четкичката и пастата за заби, но го стимулира производството на плунка во устата, со што ја намалува можноста од расипувањето на детските заби.
Ги штити коските: Високата количина на калциум во 100% сок од јаболко го спречува губењето на калциум во крвта, што пак превенира губење на калциум во коските на децата.
За добар сон: Детските денови, преполни со различни активности кои ја истрошуваат нивната енергија, понекогаш можат да влијаат врз сонот. 100% сок од јаболко изобилува со Витаминот Б6 што е клучен фактор за мирен сон кај вашите најдраги.