Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Максималната температура ќе достигне и до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.