Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 17 степени.

За време на викендот и во понеделник, соопштија од УХМР, ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец.