Сончево и топло – вакво време најавува УХМР за денеска. Ќе биде до умерено облачно, а попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд на планинските места. Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од западен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 17 степени Целзиусови, додека максималните ќе се искачат од 26 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер главно од западен правец. Температурите ќе се движат од минимални 15 до максимални 34 степени.

Сончево и многу топло време УХМР најавува и за утре.