Спанаќот од стаклена градина е хранливо осиромашен, а содржи и зголемена количина на хемикалии неопходни за одгледување…
Иако во текот на целата година можеме да ги најдеме скоро сите видови на свеж зеленчук, некои би требало да се избегнуваат вон сезоната. Ова особено се однесува за спанаќ од стаклена градина, предупредуваат нутриционистите.
Спанаќот е нискокалорична намирница која може да се јаде во неограничени количини. Само, поради присуството на оксална киселина, не треба да го консумираат пациенти со бубрежни проблеми.
Најдобро е да го подготвите со млеко и да го комбинирате со млечни производи, а никако со јајца, затоа што спанаќот ја отежнува ресорпцијата на железо од јајцето.