Овие три природни пијалоци спречуваат „дивеење“ на хормоните за време на менопаузата.
Најчесто за да ги задржат под контрола хормоните, жените посегнуваат по лекови, а за да го избегнеме ова најдовме три целосно природни напитоци, ако ги пиете редовно ќе регулирате какви било хормонални промени што стануваат сѐ почести со возраста.
Ова се трите природни рецепти кои го стабилизираат лачењето на хормоните:
Топла вода со лимон
Лимонот влијае на хормонот лептин кој кога е вон рамнотежа, предизвикува формирање на маснотии. Топла вода од лимон ќе ги отстрани сите токсини од телото и ќе го подобри варењето на храната.
Рецептот е многу едноставен: исцедете половина лимон во чаша топла вода и пијте одеднаш. Утрото подобро ќе ви започнете со овој пијалок.
Чај од лисја од малина
Лисјата од малина се користат уште од античко време за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдија дека оваа билка има корисен ефект врз работата на сите хормони.
Подготовка: Истурете една лажица лисја од малина со 200 мл врела вода и оставете да отстои 10 минути. Не пијте го овој чај пред спиење, туку во текот на денот.
Млеко и куркума
Оваа мешавина се нарекува и златно млеко и многу брзо ги балансира хормоните, освежува и смирува, ја подобрува циркулацијата и има позитивен ефект врз целото тело. Мешавината главно влијае на естрогенот.
Подготовка: Додадете половина лажичка куркума и лажичка масло од кокос на 200 мл врело млеко, можете да додадете и мед по вкус. Овој пијалок е подобро да се пие во вечерните часови.