Според истражувањата, коронавирусот не останува ни во воздух, ни на овошје и зеленчук!

Унивезитетската клиника во Бон, направи сеопфатно истражување поврзано со ефектите и однесувањето на корона вирусот. Центарот за вирусологија во Бон, кој работи во рамките на клиниката, им ги соопшти на…

Унивезитетската клиника во Бон, направи сеопфатно истражување поврзано со ефектите и однесувањето на корона вирусот.

Центарот за вирусологија во Бон, кој работи во рамките на клиниката, им ги соопшти на граѓаните првите резултати од истражувањето на вирусот, за да можат најдобро да ја проценат ситуацијата.

Студијата спроведена од лекари во овој Центар откри дека коронавирусот не останува во воздухот, значи дека не може да се вдишува, не останува на овошје, зеленчук, леб, но дека главниот пат на пренесување е инфекција со капки. Ова може да се случи преку директен контакт со некоја личност, а честопати и преку контакт со рацете, ако потоа следува контакт на заразеното лице со носот, лицето.

На површини како пластика, металот останува максимум три часа затоа што се суши, додека во вода останува подолго. За коронавирусот се вели дека опстојува долго време во тоалетната шоља, мијалникот, кујната или на сите влажни површини бидејќи нему влага му го продолжува животот. Она што граѓаните треба да го знаат е дека останува и на облека, но не се дефинирани случаи на зараза со облеката, а овие експерти дури ја исклучуваат можноста. Единствениот докажан метод на пренесување е директен контакт со заразеното лице.

Носењето маски и ракавици е индивидуална работа, но нема потреба од тоа, исто така, ако одржувате доволно растојание и ако редовно ги миете рацете при пристигнувањето.


Related Articles