Тензија и турканици пред средното медицинско училиште, родителите бараа прием на сите ученици без тестирање

Денеска пред влезот на Средното медицинско училиште „Др. Панче Караѓозов“ ученици и родителите се собраа револтирани поради соопштението дека учениците треба да полагаат приемен испит поради големиот интерес за упис. Родителите…

Денеска пред влезот на Средното медицинско училиште „Др. Панче Караѓозов“ ученици и родителите се собраа револтирани поради соопштението дека учениците треба да полагаат приемен испит поради големиот интерес за упис. Родителите бараат наместо квалфикациски тест, да се отвори уште една паралелка за насоката медицинска сестра на албански наставен јазик за да можат да се запишат сите пријавени.

Инаку кандидатите денеска требаше да полагаат тестови по предметите биологија и хемија и од успехот и резултатите да се одреди кои ученици ќе бидат примени во училиштето.

На собирот пред училиштето најголемиот дел од учесниците носеа маски, но немаше дистанца помеѓу луѓето. Интервенираше и полициска екипа и обезбедувањето, кои успеаја да ја смират ситацијата. Тензијата траеше повеќе од два часа, по што учениците сепак влегоа на тестирање. Проблемот се јави откако во ова училуште се пријавиле над 160 ученици за насоката медицинска сестра на албански наставен јазик, а треба да се примат 102 ученика во три паралелки.


Related Articles