Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова, директорот на Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување, Шаип Зенелии градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски попладнево имаат средба со штипските пензионери, на која се разговара за најавеното зголемување на пензиите од 5 отсто, но и за останати теми поврзани со пензионерскиот стандард и живот.
Минитерката за труд и социјална политика, Царовска истакна дека како Влада покажале дека го стабилизирале пензискиот систем во земјава.
– Досега пензиите порасна повеќе од 800 денари, само со законските усогласувања. Но и во самото законско решение, кое го понуди самата реформа рековме дека доколку се создадат економски можности и економијата расте во државата ќе обезбедиме трето дополнително зголемување на пензиите. Таму беше поставен еден индикатор со раст на БДП за четири проценти. Но, од страна на Здружението на пензионери беше побарано дека растот на платите, којшто е реален во нашата држава, а тоа е раст на минималната плата над 15 проценти и раст на просечната плата во државата над 5 проценти дека и тие заслужуваат да имаат одредена распределба – вели Царовска.
Забележа дека земајќи ги предвид овие два индикатори, пензионерите заслужуваат да имаат одредено зголемување на пензиите и тоа максимум до растот на просечната плата, а тоа се пет проценти. Очекува законското решение да влезе во собраниска процедура, а зголемување на пензиите да се случи со јануарската пензија.
Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова истакна дека овој модел за зголемување на пензиите ќе овозможи да се одржува реалната вредност на пензиите.
Директорот на ПИОМ, истакна дека стабилизацијата на фонодот се должи на зголемување на стапката на придонеси од 18 на 18,4, како и на порастот на платите и на зголемениот број на вработени.
-Се надеваме дека овие реформи ќе продолжат и понатаму, со цел уште поголема стабилизација на фондот, а како што е почнато мислам дека и тоа ќе се заврши – вели Зенели.
Штипскиот градоначалник, Бочварски на денешната средба со пензионерите го поздрави зголемувањето на пензиите од јануари 2020 година, бидејќи, како што, рече токму во просториите на ова здружение со нив има разговарано на оваа тема, но и за подобрување на животот.
На новинарско прашање, дали ќе се зголеми додатокот за трето дете, Царовска со одговор дека стекнатите права остануваат такви какви што се во моментов.
-Нема никакво укинување, тоа се трансформираше воведовме за прво, второ дете, за трето дете. Со тоа што за трето дете остана за лицата, кои што се од одреден минимум, вели Царовска.