Унијата на здруженија предводена од “ЗМСТАС – ЗА НАС” ги повика релевантните институции да приложат докази и да го разрешат случајот на детската клиника, поврзан со тврдењата за нестручно однесување на медицинска сестра со новороденче.
„Во нашата земја во моментов работат околу 9200 медицински сестри. Оваа хумана фела одговорно и пожртвувано работи во јавниот здравствен систем и не заслужува да се фрла дамка на сестринската професија поради недокажани инциденти. Затоа од име на Унијата на медицински сестри упатувам реакција и ја повикувам стручната комисија јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник“ порача м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унија на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“.