88 нови случаи на коронавирус се потврдени во крузерот што останува во карантин во близина на Јапонија. Ова го објави Министерството за здравство во земјата.
Над 3.700 луѓе од 56 националности се наоѓаат на луксузниот крузер. Од нив, неодамна биле тестирани 681 лице.
Јапонскиот министер за здравство Кацинобу објасни дека резултатите од тестот се очекуваат за сите патници на бродот и рече дека може да се зголеми бројот на пациентите.