Годинава вакцината против грип доколку сакате да се вакцинирате ќе биде поскапа од лани за 200 денари, со образложение дека ќе биде поквалитетна односно станува збор за четиривалентна вакцина. Затоа граѓаните оние под 65 години доколку сакаат да се вакцинираат, ќе треба да си платат за вакцина од свој џеб, која ќе ги чини 600 денари.
Надлежните најавуваат дека вакцинацијата би требало до крајот на оваа недела да започне во центрите за јавно здравје низ Република Македонија. Според министерството вкупно 41.100 дози вакцини се набавени за јавните здравствени установи, 28.000 се наменети за повозрасни граѓани, над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија и за првпат вакцините за нив се бесплатни.