Доказите од историјата укажуваат дека античките Грци и Римјани биле љубители на ладната бања, а денешните експерти исто така укажуваат на нејзините предности.
„Ефектот од ладниот туш позитивно делува врз кардиоваскуларниот, респираторниот и мускулно-скелетниот систем. Ладната вода ни дава посилен имунитет, го подобрува менталното здравје, го зајакнува метаболизмот и потенцијално ги согорува кафените масти кои согоруваат калории во форма на топлина, а исто така можат да ве направат и поубави“, тврди докторката и вонреден професор на Универзитетот во Гринич, Абигеил Рикард.
Првото нешто кое ќе го забележите кога ќе почнете да се туширате со ладна вода е ненадејниот порив за длабоко дишење, како што објаснува докторката Рикард, и додава дека и покрај почетниот шок, срцевиот ритам ќе започне да забавува.
„Во тој момент ќе имате многу крв во центарот на своето тело затоа што ослободува многу кислород, што значи дека мозокот, срцето и белите дробови работат добро“, објаснува таа. Овие ефекти го прават ладниот туш идеален ако се обидете подобро да се разбудите наутро. Исто така, туширањето со ладна вода ги затвора порите на вашата кожа, поради што кутикулите на вашата коса ќе бидат рамни, а косата ќе ви изгледа сјајно и здраво.
Поради сите овие придобивки за вашето тело, натерајте се барем повремено да се туширате со ладна вода. Направете си услуга на вашето тело, зајакнете го своето здравје и заштедете пари на сметката за греење.