Министерството за здравство како инвеститор на Клиничката болница Штип во градба, поточно министерот Венко Филипче како и неговата колешка која е задолжена за финансии во владата, Нина Агнеловска и дефинитивно навлегоа во криминал со градбата на Клиничката болница во Штип и нема никаква можност оваа постапка да помине без одговорност, анализира ВЕЧЕР.
Имено, како што пишуваше порталот Вечер, градбата на Клиничката болница во Штип доцни веќе втора година со образложение дека во деталниот проект немало и проект за машински дел, електрика на објектот. Вечер ја провери оваа информација и утврди дека проектот има целосна проектна документација за машинскиот дел вклучително и елекетриката. Освен ова, проектот поминал и ревизија каде што ова е констатирано и нема никаков основ доцнењето да се правда со наведените причини, а при вакво доцнење на изведувачот Интракат од Грција, особено без основ, Министерството за здравство како инвеститор има законска обврска да ја активира банкарската гаранција во износ од 3,5 милиони евра. Но,гаранцијата не е активирана а министерот Венко Филипче дава согласност за одложување на градбата веќе втора година на штета на државата.
-Освен ова, Венко Филипче решава да даде и дополнителни 7 милиони евра за машинска опрема, за електрика на изведувачот. Вечер дознава дека на 29.12.2019 година, непосредно пред Нова година, на вонредна седница на владата одлучено е да се постапи по барањето на Венко Филипче и на изведувачот Интракат да му се доделат и исплатат дополнителни 7 милиони евра за непредвидени трошоци при измени во проектот. А измените во проектот не се, согласно закон, извршени од проектантот туку од трета проектна фирма, Мегарон Скопје, без согласност на проектантот. И, со тоа по трет пат е извршен криминал во градбата на Клиничка болница Штип. Имено, вредноста на тендерот за проектот е околу 27 милиони евра, а Венко Филипче и владата на Зоран Заев донееле одлука да се доплатат 7 милиони евра за непредвидените трошоци што е – надвор од законот. Законот вели дека доплата на тендер може да се изврши за најмногу 20% од основната вредност на тендерот, а тоа е до најмногу 5,6 милиони евра а во овој случај се иплаќа над тоа, 7 милиони евра на Изведувачот Интракат, анализира ВЕЧЕР.
Обвинителството не гледа причина да се вклучи во овој криминал.