Инфлуенсерката Алисе Паркер била веганка, но сега јаде само месо и вели дека никогаш не се чувствувала подобро и поздраво. Исхраната ја сменила поради здравствени проблеми. Алисе има 200.000 следбеници на Инстаграм и повеќе од 700.000 претплатници на Јутуб, пишува NYPost. Таа открила дека месец дена јадела само месо и дека нејзиното здравје се поправило.
Од пријател кој исто така бил веган, а се префрлил на месо, слушнала за позитивните влијанија и одлучила и самата да го испроба таквиот вид на исхрана.
„Имав проблеми со здравјето и дојдов до тој степен што бев спремна да испробам било што за да можам повторно нормално да функционирам“, рекла таа. Таа се одлучила за така наречената „месна диета“ во која јаде само месо и храна од животинско потекло како јајца и млечни производи.
„Ја голтнав гордоста и одлучив да се обидам. Потполно месојад. Следното утро се разбудив психички чиста, фокусирана, целосна и здрава, подобро од било кога“, напишала Паркер.
На Јутуб зборела за своето искуство, но поголемиот дел од фановите коментирале негативно дека тоа е прилично разочарувачки.
„Да мораше да го убиеш секое животно што го изеде во ова видео… Знаеме дека веднаш ќе се вратеше на веганството. И јас сум веган веќе 4 ипол години, а месо не јадам 6 години. Никогаш не сум бил поздрав и имам резултати од крвта кои тоа го потврдуваат“, напишал еден од следбениците.
„Треба да посетиш доктор и да ни ги покажеш наодите, подобро отколку да ги покажуваш стомачните мускули. Ова веројатно нема да ти помогне со твоето пореметување во исхраната“, се надоврзал друг.