Денес се учествував на Одбележување на Европскиот ден на правдата и Меѓународниот ден на човековите права под наслов „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките“, објави Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

-Човековите права и правдата се темелот на секое демократско и праведно општество. Нашата заложба е да изградиме средина каде секој граѓанин ќе ужива во своите права и слободи, без дискриминација по која било основа.

– Со реформи во законите и иницијативи за поддршка на ранливите категории, младите и семејствата, направивме значителни чекори напред, но пред нас стои уште многу работа.
– Посветени сме на промоција на владеењето на правото, еднаквоста и недискриминацијата како предуслов за достоинствен живот за сите граѓани.
– Европскиот ден на правдата не потсетува дека правдата не треба да биде само збор, туку реалност што секој ја чувствува, потенцира во објавата Велковски.

Борбата за човековите права е заедничка одговорност на сите нас поединци, организации, институции и држави. Заедно, можеме да создадеме општество засновано на почит, праведност и слобода.

Во рамките на обезбедувањето беа прогласени и победниците од натпреварот во фотографии и цртежи „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните“, потенцира заменик министерот за социјална политика, демографија и млади.