Одлична работна средба со регионалниот директор на Светска банка за социјална заштита и работни прашања, Михаил Рутковски, како и со високите претставници Натали Лахир и Бојана Нацева, објави Ѓоко Велковски заменик министер за социјална политика, демографија и млади.
„На средбата дискутиравме за напредокот на тековните проекти, имплементацијата на нови информативни системи, активирањето на ранливите групи на пазарот на трудот, и организирање на обуки за професионалците кои директно работат со корисниците на социјални услуги. Посебен акцент ставивме на идните приоритети и можностите за проширување на поддршката во клучни области како рана детска заштита, образование и интеграција на лицата со попреченост“ потенцира Велковски.
Соработката со Светска банка е клучна за развојот на одржлив и инклузивен систем на социјална заштита. Продолжуваме да работиме со целосна посветеност за унапредување на услугите за нашите граѓани, особено за најранливите категории, објави Ѓоко Велковски.