Владата на Република Македонија на денешната 82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина, со кој се предвидува зголемување на еколошката такса.
Како што појаснуваат од прес-службата на Владата, со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.
– Основната цел поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина, стои во соопштението од владината прес-служба.