Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, бизнис заедницата, локалниот економско социјален совет, и останатите чинители денеска во Тетово на регионален состанок почнаа широка консултација за новиот оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година. Конкретните предлозите се очекува да произлезат од Локалниот економско социјален совет како и од членовите на Стопанската комора на северозападна Макадонија и останатите стопански комори.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ги повика стопанствениците од Тетово, Гостивар, Кичево и Струга да ги дадат своите сугестии за потребите на пазарот на труд.

„Сметам дека овој тип на дебати на локално ниво се клучни. Мерките се успешни кога се креираат на локално ниво и за тоа имаме позитивем пример од минатата година. Во западниот регион во 2018 година имавме околу 700 вработувања преку оперативниот план, а до септември 2019 околу 500 вработувања. Верувам дека со добро планирање и сугестиите што ќе ги добиеме од бизнис секторот можеме да го зголемиме бројот на вработенени што ќе биде во интерес на сите. И на бизнисот, и на граѓаните и на државата“, рече Царовска.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи ја поздави идејата за организирање на регионалните состаноци, бидејќи тоа ќе овозможи креирање на поквалитетни политики за вработување и развој на бизнисите на локално ниво.

„Целта на организирањето на регионалните состаноци е директно да се слушнат предлозите, но и проблемите на локалните бизниси и новите мерки коишти ги финасира Владата. Сакам да споделам некои искуства од овие години. Како градоначалничка се сретнав со над 19.000 граѓани и е да бидат 85% од нив бараа вработување, затоа сметам дека дијалогот е многу важен за креирањето на успешните политики кои ќе ја ностат државата напред“, рече Арифи.
Директорката за Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Билјана Јовановска истакна дека улогата на АВРСМ, е да биде вистински сервиз за невработените, но и за бизнис заедницата.

„ Во 2019 година имаме успешна реалзиација на ОП од високи над 90 проценти, и за тоа сме заслужни сите. Целта ни е да направиме добра координацоија меѓу побарувањата на бизнисот и на пазарот на трудот. Во моментот во овој регион се вршат на 1.700 лица. Договори за самовработување имаме над 1.000 лица, 220 се субвенционирани вработувања, 110 вработувања се субвенционирани за раст и развој на работодавачаот. Во овој регион имаше голем интерес за практикантвото. Имаме околу 400 потпишани договори за практикантво. 130 лица добија сертификати за побарувани занаети. Ние можеме повеќе и затоа заедно ќе ги креираме новите мерки“, рече Јовановска.

Денешната средба во Тетово беше органиизрана со поддршка на проектот за Зајакнување на социјалниот дијалог , кој го финасира ЕУ за го спроведува Меѓународната организација на трудот. Министерството за труд и социјална политика ќе организира уште три регионални настани во Скопје, Струмица и Битола.