На денешната прес конференција, Игор Јанушев, ја даде следната изјава за нов можен скандал околу бизнисот со марухуана на семејството Заеви и го нерече рекет канабис машинерија.
-„Целата вистина на омилениот бизнис на Заеви е бизнисот со марихуана кој се претвори во рекет машинерија. Токму затоа Заеви и СДСМ ревносно се борат во собранието да се изгласа законот за опојни дроги по нивни терк, за потоа да обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи овој закон, иако во позадина се работи за нешто сосема друго.
Овде се работи за милиони и силна рекет канабис машинерија. Аферата канабис милионите на Заев покажува инфлација на лиценци на фирми блиски до власта и неконтролирано производство на марихуана. Веднаш да потенцирам и да ги расчистиме дилемите, ВМРО-ДПМНЕ не кочи закони во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ кочи закони кои се од лилчен интерес на Заев. ВМРО-ДПМНЕ во 2016-та го донесе законот за одгледување на канабис за медицински цели и Р.Македонија беше единствена држава во Европа заедно со Холандија, но со јасно дефинирани одредби и високи критериуми кои мора да се исполнат, а не земјава да се претвори во оаза на канабис за милионите на Заев.
Но како навистина стојат работите, информациите кои дојдоа до нас говорат дека СДСМ и Заеви практично манипулирајќи ги потенцијалните и заинтересирани производители на канабис, создадоа нова рекет машинерија, преку која се собираат пари од бизнисмени кои сакаат да одгледуваат канабис. Во постојниот закон кој е на сила и кој е за одгледување на канабис за медицински цели, јасно е пропишано кои се условите кои мора да ги исполнува одредена фирма доколку сака да добие лиценца за одгледување на канабис. СДСМ и Заеви настрана од пропишаните одредби од законот, за само неколку маесеци, дозволија хиперпродукција на лиценци за канабис.
Според нашите информации МЗ не врши воопшто инспекциски надзор колку канабис е одгледан кај голем дел од компаниите и огромна количина на канабис се продава на црно за огромни суми на пари, што докажува дека Заеви ја направија Македонија нарко-Колумбија. Канабис милионите на Заеви отвараат сомнеж дека постои и нелегално производство на марихуана.
Прашуваме: Дали е точно дека Заеви доделувале лиценци на нивни блиски фирми без да поседуваат соодветен елаборат, па практично лиценците се сега незаконски?
Дали е точно дека цената на една лиценца на владата на СДСМ и Заев чини околу 300 до 500 илјади евра кои се плаќаат директно на рака на луѓе блиски на власта?“