Зоран Заев и СДСМ се синоним за криминал. Поминаа неколку дена по обелоденување на скандалот, а власта се уште молчи за милиони евра тешкиот „Рекет 3“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните на Штип не видоа ништо од новата клиничка болница. Постои сериозен сомнеж кој што се отвори во медиумите дека незавршувањето на клиничката болница во Штип е поврзано со нова рекетарска афера. Сето тоа е зачинето и со определувањето дополнителни буџетски средства, без казна за изведувачот, иако длабоко доцни со реализацијата. Тоа отвора сомнеж за лукративни мотиви.
Главни ликови во оваа афера повторно се Венко Филипче и Зоран Заев и од нив се бара одговор:
• Зошто во Штип се уште нема болница?
• Зошто беше запрена градбата на болницата?
• Зошто е прекинат договорот со подизведувачот?
• Зошто не е активирана банкарската гаранција ?
• Зошто два пати се продолжува рокот без пенали за незавршена градба?
• Дали и што договарал Венко Филипче со шоумен во неговиот дом, а во врска со градба на болницата во Штип?
Обвинителството треба веднаш да ја истражи аферата и да ја испита улогата на оваа влада во рекетите.
Граѓаните на 12-ти април на Заев ќе му порачат ДОСТА Е! Неговата криминално рекетарската банда не смее да продолжи да ги полни џебовите со народни пари преку криминални тендери и грантови. Крајот на времето на Зоран Заев доаѓа. Доаѓа време на власт од народот и за народот. Доаѓа време за обнова на Република Македонија. Ова зло никогаш да не се повтори, се наведува во соопштението.