ВМРО-ДПМНЕ: Заев наместо за здравјето на граѓаните се грижи за профитот

Скопје се гуши. Македонија тоне во смог. Зоран Заев наместо за здравјето на граѓаните се грижи за профитот на олигархијата која согорува кокс со 18% сулфур и обоен текстил во…

Скопје се гуши. Македонија тоне во смог. Зоран Заев наместо за здравјето на граѓаните се грижи за профитот на олигархијата која согорува кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики. Нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ10 честички е и до 15 пати над дозволеното, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, Битола, Струмица, Куманово, Тетово и Кавадарци тонат во загаден воздух, а граѓаните ги полнат болниците. Со цел превентивна заштита на граѓаните. Потребна е итна имплементација на следните три мерки: бесплатен јавен превоз во автобусите на  ЈСП додека загадувањето не се намали и состојбата  со загадениот воздух нормализира; инспекциски надзор и затворање на  погоните кои загадуваат и ослободување од работа на луѓе над 60 години, хронично болни и трудници.

Овие мерки Зоран Заев и Петре Шилегов веднаш да ги прифатат. Неспособноста нивна и игнорантскиот однос не донесе до тука. Потребно е итно делување. Суштински мерки и проекти за справување со загадувањето ќе има по 12 април, кога владата на ВМРО-ДПМНЕ  ќе се зафати со систематско решавање на проблемот со загадувањето“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


Related Articles