Светската здравствена организација соопшти дека во Индија е забележана нова мутација на коронавирусот. Станува збор за сојот B.1.617 кој е позаразен и има еден степен на отпорност на вакцина, така што се класифицира како „загрижувачка мутација на вирусот“.

Докторката Марија Ван Керков, шеф на техничкиот тим за борба против Ковид-19 во СЗО, посочи дека дополнителни детали ќе бидат објавени денеска во редовниот извештај, но дека треба да се направат дополнителни истражувања за оваа мутација на вирусот за да се утврди во која застапеност циркулира и до кој степен ја намалува делотворноста на вакцината.

Оваа мутација, е една од причините, но не и единствена за експлозивниот раст на новозаболени во Индија, држава која во моментов е најголемо жариште на коронавирусот во светот.