Поради недостиг на соодветен кадар, поради лошите политики на СДСМ, министерството за здравство се соочува со хаос. Имено од оваа недела интернисти од Градската општа болница „8 Септември“’ од Скопје и државната клиника ќе одат во Струмица на работа по една недела, бидејќи од струмичката болница во приватното здравство заминаа дури 4 специјалисти од оваа област.

-Овој недостаток од лекари специјалисти е грешка на лошите политики кои ги води Венко Филипче, не води сметка за кои области има потреба од специјализации. Се работи стихијно и неплански и затоа нашата земја дојде до оваа ситуација кога имаме недостиг на лекари, коментираат лекари од Струмица.

Моментално струмичката болница веќе има испратено пет лекари на специјализации во повеќе области, иако реално има потреба од 12 лекари кои требало да се доусовршуваат во специјалисти за потребите на ова јавна здравствена институција.

Ова не се случува само во Струмица, туку се случува низ цела држава, доаѓа до парализа на здравствениот систем од кој само страдаат граѓаните на Република Македонија.