Пред триесет години некои производи се сметале за извор на здравје, но денес нутриционистите ги сместуваат во категоријата на опасни, па дури и канцерогени. Прочитајте за која храна станува збор…
Млеко
Современите нутриционисти го сметаат млекото за отров. Порано, млекото беше задолжителен пијалак во училиштата, градинките, па дури и во болниците. Денес, сето ова е сменето. Речиси сите поборници за здрава храна го класифицираат млекото како безвредно. Дури и се појавило радикално мислење дека млекото придонесува за појава на канцер. Ова доведе до производството на млеко на база на соја и други растителни состојки.
Сончогледово масло
Речиси никој повеќе не користи сончогледово масло. Меѓу луѓето се има развиено култ кон маслиновото масло, но тоа е всушност покалорично, содржи три пати помалку витамин Е и помалку заситени масти.
Леб
Денес лебот се смета за нездрава храна. Секогаш кога се почнува диета, првиот совет е дека мора да се исфрли лебот од исхраната. Вистина е дека белиот леб со квасец не е здрав, но лебот од цело зрно не може да биде и не е отров.
Палачинки
Првата асоцијација за детството се палачинките. Сме ги јаделе барем еднаш неделно. Кој би рекол дека денес ова јадење ќе се смета за штетно и опасно. Составот на палачинките е 100% природен: јајца, брашно и млеко, но во денешниот безглутенски свет, тие се нездрави и децата не смеат да ги јадат.