Дебелеењето не секогаш е тесно поврзано со тоа колку јадете. Понекогаш, на тежината влијае целокупниот начин на живот.

Поточно, ако ги имате овие 12 навики, поголеми ви се шансите да имате прекумерна тежина.

Не спиете доволно

Ова влијае на метаболизмот и го забавува, прави да се чувствувате погладни и помали се шансите да вежбате, бидејќи сте преморени. Затоа, 8 часа се задолжителни.

Претерувате со јадењето за вечера

Ако изедете многу тешка храна за вечера, варењето се забавува. Исто така, ако јадете пред телевизор, ќе изедете многу повеќе. Запаметете дека за вечера треба да внесете протеини и зеленчуци.

Легнувате штом ќе завршите со вечерата

Тоа ви создава дигестивни проблеми и акумулира повеќе масти од храната. Идеално би било доколку вечерате 2 часа пред да си легнете.

Јадете пржено за вечера

Премногу калории кои нема како да се согорат кога ќе заспиете, заради што добивате масти и немирен сон. Секогаш одбирајте варена или печена храна навечер.

Јадете зачинета храна

Повторно лош избор кој го забавува варењето и во отежнува сонот.

Јадете житарки или други јаглехидрати за вечера

Тие ви даваат дополнителна енергија, која не ви е потребна навечер. Најдобро е да ги замените со смутија од свежо овошје.

Обожавате десерти навечер

Шеќерот и брашното се трансформираат во масни наслаги и тешко дека ќе ги согорите сите тие внесени калории. За десерт најдобро е да каснете некоја протеинска плочка или овошје.

Грицкате наместо да вечерате

На тој начин консумирате празни калории и добивате екстра енергија која ве држи будни. Избегнувајте леб, колачиња и чипсови. За вечера грицкајте нешто што нема повеќе од 200 калории.

Ја прескокнувате вечерата

Ова не ви помага да изгубите тежина, бидејќи на тој начин го забавувате метаболизмот. Дополнително може да предизвикате анксиозност, зголемен апетит при следниот оброк и отежнување на работата на мускулите.

Консумирате алкохол или кофеин

Овие продукти негативно влијаат на вашиот сон и имаат многу повеќе калории отколку што мислите. Заменете ги со здрав сок, смути или топло млеко.

Користите мобилен телефон или компјутер пред да заспиете

Светлината со која зрачат уредите негативно влијае на сонот. Затоа, препорачливо е да ги исклучите 1 час пред легнување.

Секоја ноќ заспивате доцна

Заспивањето после полноќ може да ви донесе вишок килограми бидејќи не е природно. Плус, заспивањето доцна ве огладнува дополнително.