Во 2019 година Тетово со 88 денови чист воздух, 120 со загаден, а 157 нема податоци

Светските здравствени стандарди предвидуваат во една календарска година да нема повеќе од 35 денови со загаден воздух. Завршниот декемвриски извештај на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух…

Светските здравствени стандарди предвидуваат во една календарска година да нема повеќе од 35 денови со загаден воздух.

Завршниот декемвриски извештај на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух за Тетово покажува дека во 2019 година имало 120 денови кога е надмината за 24 часа граничната вредноста на дозволените 50 микрограми на кубен метар од отровните ПМ10 честички. Сепак во текот на годината не е познато колку точно денови биле со загаден воздух со оглед дека мерната станица во Тетово не беше во функција од 26 април до 23 септември или 157 денови. Со оглед дека во 120 денови бил загаден воздухот, во 157 немало податоци, преостануваат само 88 денови кога имало чист воздух.

– Светските здравствени стандарди предвидуваат во една календарска година да нема повеќе од 35 денови со загаден воздух, односно зголемено присуство на отровните ПМ 10 и ПМ 2 честички, потсетуваат од Центарот за јавно здравје во Тетово.

Во 2018 во Тетово надминување од над 50 микрограми пи-ем 10 честички на кубен метар имало во 134 денови. Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година со оглед дека од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните пи-ем 10 честички. Во 2016 година имало 302 дена со загаден воздух, додека во 2017 година воздухот бил загаден во 134 денови, а во 41 немало податоци.

Мониторинг станицата во Тетово работи од април 2004 година со мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ 10) Од 26 април до 23 септември 2019 година инструментот за РМ10/2.5 беше испратен во акредитирана лабораторија за калибрација во Виена, Австрија.


Related Articles