Поради зголемениот број на заболени од Ковид-19 во Летонија, земјата најави „затворање“ од 21 октомври до 15 ноември. Министерот за здравство Даниел Павлјутис по вонредниот состанок на владата изјави дека според нивото на заразени, Летонија е на прво место во светот.

Токму затоа ќе биде спроведено затворањето каде продавниците, рестораните, училиштата, забавните и културните локации нема да работат. Ќе работат само објекти за услуги од примарно значење. После тоа, „заклучувањето“ ќе се ублажи само за вакцинираните лица, истакна министерот.

– Нашиот здравствен систем е во опасност, рече премиерот Артурс Кришјанис Каринш, наведувајќи го ниското ниво на вакцинација во земјата како причина за зголемените хоспитализации. Во Летонија, стапката на вакцинација е една од најниските во Европската унија.

Во Летонија само 54% од возрасното население е комплетно вакцинирано, што е многу под просекот од 74% во Европската Унија.