Пред точно 14 дена во Црна Гора, Институтот за јавно здравје соопшти дека епидемиолошките мерки за задолжително носење на заштитни маски се продолжуваат. Како што соппшти црногорското ИЈЗ мерките ќе важат за здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките и бензинските пумпи.
Ваквата одлука, бешее донесена во согласност со тогашната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки показатели, што беше разгледана од Работната група за контрола, превенција и сузбивање на Заразна болест COVID19.
– Имајте предвид дека актуелните мерки се: задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, колективни центри и јавни превозни средства, задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, во објекти од витално значење: продавници за храна, аптеки и бензински станици, задолжително носење заштитни маски на аеродромите, железничките и автобуските станици – се наведе во соопштението.
Заклучно со денешниот ден поточно 26 август, завршуваат 14-те дена откако беше донесена одлуката за продолжување на важењето на епидемиолошките мерки од страна на црногорскиот Институт за јавно здравје.