Според изјавата на директорката на Центарот за јавно здравје во Битола, д-р Елизабета Крстева, во „Сју Рајдер“-от во Битола се дијагностицирани нови 11 позитивни случаи на Ковид-19.
Во текот на вчерашниот ден биле земени 17 брисеви од штитениците во хосписот, по што бројот на позитивни лица пораснал на 23.
Денеска биле земени уште 13 брисеви од пациентите и 7 од вработените кои имаат лесни симптоми и лесна клиничка слика. Во очекување се на резултатите.